Maxime's Reviews > Не одам никаде
Не одам никаде
by
by
Прекрасна, досетлива збирка на раскази!
Не сум запознаен со други дела на Бужаровска, но оваа книга ми остави и те каков впечаток. Ликовите (особено женските) отскокнуваат од страницата и се речиси допирливи. Случките и настаните во кои тие се фрлени допираат до оние делови од нас кои ги чуваме заклучени со катанец. Не често си ги признаваме комплексите, загноените сеќавања, и некои скриени вистини. Румена на вешт и досетлив начин ги изнесува овие нешта на виделина и ни ги „плеска“ во лицето.
Моја препорака е да не престанете со читање дури и кога шлаканиците ќе почнат да болат. Тоа што Бужаровска се обидува да го направи (според мене) е да ја отслика трагикомичната состојба во која се наоѓа современиот македонски/балкански човек. Повеќето ликови се изгубени индивидуи чии животни одлуки натежнуваат над нивната сегашна состојба. Некои живеат во странство, но копнеат по својата татковина, со импулс на романтизираност и драматичност. Други, останале дома, но размислуваат за тоа што би било доколку живееле „надвор“, а не тука. На совршен начин завршниците на расказите се расплетуваат со голема нужност и неизбежност. Токму тука лежи драматичноста на приказните. Одлуките кои ликовите ги имаат донесно нужно ги носат ликовите во еден трагичен заклучок.
Она што Бужаровска го постигнува со ова дело, како македонски книжевник, е тоа што иако пишува за „транзицискиот“ човек на некоја изгубена генерација, не запаѓа во клишеата на мизерија, сиромаштија и безнадежноста. Напротив, повеќето ликови се Македонки на некоја нова генерација која на далечниот запад нашла одредена финансиска стабилност и убавина. За возврат останале душевно сиромашни.

Sign into Goodreads to see if any of your friends have read
Не одам никаде.
Sign In »
Reading Progress
Started Reading
2020
–
Finished Reading
April 16, 2020
– Shelved
September 21, 2021
– Shelved as:
favorites