1. |
На Балкан, сам
02:42
|
|||
|
кога ќе му пријдеш на светот
кажи му нов збор
кога ќе му пријдеш на брегот
наречи сеѐ Мореплов
викни им „еј! еј!”
или можеби „бог бог!”
здраво и збогум
љуби си молкум
викни ми „еј! еј!”
или можеби „бог бог!”
љубовта сама песни пои
за нас
љубовта сама песни крои
за нас
|
||||
2. |
Калемегдан
05:12
|
|||
|
1947-ма
прстите ми се плазат низ чевлите
ветениот град е покрај патот
но ние не свративме таму
плешки носат крокодилски товар
некој шапкар плука крокодилски зборови
мајка плаче тешки солзи
ретка коса лета на долински ветар
да се зграби патот цел
Белград не е толку бел
Калемегдан мегдан мој
искри искрај срцев бој
да се зграби патот цел
Белград љуби душа дел
Калемегдан душа двои
Калемегдан душа крои
сите се тивки овде
не им се слуша ни глас
гледаат во својот часовник
го одбројуваат траењето на секој час
да се зграби патот цел
Белград не е толку бел
Калемегдан мегдан мој
искри искрај срцев бој
да се зграби патот цел
Белград не е толку бел
Бели води делиш ти
бојни дланки црвени
и само сакам да сакам
(не сакаш да го следиш ветрот)
и само сакам да те сакам
(не сакаш да знаеш љубов)
и само сакам да запаметам
(не сакаш да љубиш зборој)
и само сакам да те знам
(сакаш да чувствуваш - сѐ)
таа таму седи
седи и блеја низ бетон
тој се топи во вар
останува трон за покоен цар
под петите боцки
ум ко бран кој се двои
i mesečina je jedina svetlost kroz vetar divlji u zalivu kraj večnog prostranstva
|
||||
3. |
Црна Гора
04:37
|
|||
|
и кога нема што да скратиш
скрати го својот збор
и кога нема што да скратиш
скрати го својот двор
и кога нема што да вратиш
врати го својот збор
и кога нема што да вратиш
врати се ти
и кога ќе се расчисти брегот
кажи ми збогум
кога ќе се сврти светот
кажи ми збогум
од чучерско поле
до Јадранско Море
од падина дојде
до најбистрото море
сакам да останам
сакам да бидам покрај тебе
сакам да повторам
сакам да повторам сѐ
сакам да се изгубам
сакам да не сакам да сакам
не сакам да исчезнам
пред да се навратам
живот кој носи крај
широк здив сништа прај
живот не значи крај
намножен живот - сончев сјај
|
||||
4. |
Ние
05:03
|
|||
|
кога ќе се сврти светот
разбуди нѐ и нас
има нешто во нашиов воздух
не кажувај ми збогум
другар ми си замина
домот си го остави
нѐ остави и нас
градов малку памети
а ние, ние сме млади
засекогаш млади
никогаш сами
лечиме, си лечиме рани
и нема каде да се вратиме
|
||||
5. |
Камен
04:46
|
|||
|
чекав на видливо место
се чини заборавив нешто
никогаш тоа што треба
барем ноќва е ведро
можеби не се гледам
а сакам да те гледам
на секоја месечева мена
да течат влакна од сребро
не, врати се дома
не, не, не, сепак врати се дома
и глави да зборат
навистина мораше да се врати дома
разбирам, не можеше да погледне назад
никогаш нема душава да не се моли, само ќе боли
|
||||
6. |
На Балкан
04:28
|
|||
|
кога ќе му пријдеш на редот
не мести се во него
кога ќе му пријдеш на денот
прашај го зошто
ми вети живот, ми вети љубов
ми вети мир
и спокој
служев во Босна
во Сараево
останав младич
кој трага по делото
‘91
насекаде светла
над глава зујат кабли
да спојат безброј неба
пиштат пруги
животот цути
се навести распад
сѐ уште доаѓа
викни си „еј еј”
или можеби „бог бог”
крај на еден воен рок
почеток на друг
овој град нема да нѐ победи
ми вети живот, ми вети куќа
ми вети среќа, била туѓа
ми вети ќе можам да останам тука
ми вети име, било на друга
ми вети живот, ми вети куќа
ми вети среќа, била туѓа
ми вети ќе можам да останам тука
сепак наша е Земја и немаме друга
|
||||
7. |
Јадран
06:34
|
|||
|
мајко не жали ме
симни ја кошулава од мојот грб
одврзај ги моите чевли за кој и да е прв
потпечи го денот ако е тврд
закопај ги само
моите ладни денари
нека не видат сонце
да летнам далеку над шарскиот снег
кон јадранскиот брег
мајко здив ми недостига
ти ја дарив последната воздишка
да скршиш леб и да поделиш
веќе никој да не гладува
потпечи го ако е ладен
нека се ладни и гладни само моите лажни денари
нека не видат сонце
да летнам далеку над шарскиот снег
кон јадранскиот брег
мајко дај ми вера и малку ветер во грб
да видам, да поверувам во новиот ден
сепак закопај сѐ на најблискиот срт
нека не висат долго моите нешта на нашиот трем
само не грижи се за моите тажни денари
нека не видат сонце
да летнам далеку над шарскиот снег
кон јадранскиот брег
да летнам далеку над осоговскиот снег
кон јадранскиот брег
|
||||
8. |
Брег
04:33
|
|||
|
сакам да си одам
иако боли, боли, боли
нема да кажам збогум
нема да си кажам
кога ќе се сврти светот
љуби ме до крај
не чекај ме да го препливам
заливот меѓу нас
каде што крајот ја гасне љубовта
и замокот ги крева своите железни запци
ќе те чекам со запалена свеќа во рака
да бараме луѓе во балканските гужви
љубовта сама песни пои
љубовта сама песни крои
љубовта сама песни пои
за нас
|
||||
9. |
Еден наш град
02:51
|
|||
|
твојот звук е погубен
и секој ден е полу-ден
секој збор е поладен
овој град е напуштен
твојот звук е погубен
и секој ден е полуден
секој збор е пола-ден
овој град е немирен
ме гледаш, те гледам
дали е во мене да заминам?
сепак ќе останам
јас ќе останам
а ти
сврати некогаш, ако можеш
|
||||
Животни Skopje, North Macedonia
„Животни” (именка и придавка) се родени во Балканската пролет, спремни да ја опејат и (барем малку) да ја обелоденат. Против геноцидот, глобалниот апартхејд и отровните, трули политички партии во оваа држава и пошироко. Сите сме животни, со желба за дом. Со желба да не мора да си заминеме. ... more
If you like Животни, you may also like: